Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламистите во Ирак и се „закачија“ на Мишел Обама

Исламистите во Ирак и се „закачија“ на Мишел Обама

Исламистите и приврзаниците на сунитската милитантна група, која е дел од Ал-Каеда „Исламска држава на Ирак и Левант“ ги искористиле социјалните мрежи на интернет за да ликуваат за заплената на ирачката воена опрема од американско производство.

Имено, приврзаниците на ИСИЛ на Твитер поставиле фотографија на сопругата на американскиот претседател Барак Обама. Фотографијата на Мишел Обама е преработена во „фотошоп“ и на неа таа држи порака во рацете со текст: „Вратете ни го нашиот хамер“. Притоа била искористена фотографијата од минатиот месец, со која првата дама на САД на Твитер побара ослободување на 276 ученички во Нигерија, киднапирани од милитантната група Боко Харам. На неа, Мишел Обама држеше порака „Вратете ги нашите девојчиња“.  
Слично

Поврзани вести