Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламистите убија уште еден новинар!

Исламистите убија уште еден новинар!

Припадниците на терористичката организација на Исламската држава убиле уште еден заробен новинар на истиот начин како Џејмс Фоли, убиен е Стивен Сотлоф.

Американецот исчезнал во Сирија во август во 2013 година, а специјализираниот портал за следење на состојбата за џихадистите објавил снимка од егзекуцијата.

Исламските терористи го најавија неговото биство пред месец дена, кога и стана јасно дека тој е киднапиран, а ниту една информација за него пред тоа не беше објавена.

„Обама, се вратив“, наводно рекол егзекуторот непосредно пред убиството на Столоф, со напомена дека тоа е „втората порака на САД“.

Сотлоф самоиницијативно отишол во Сирија пред неколку години, а известувал од територии кои биле најопасни.

Секаков траг му е изгубен во август минатата година, а тогаш на снимката која го прикажува убиството на Џејмс Фоли е назначен како следна жртва на терористичката организација на Исламската држава.

Сепак, како што пренесува Њујорк Тајмс, неговото семејство знаело дека Сотлоф е киднапиран, а овој случај сакле да го остават во тајност, надевајќи се дека џихадистите ќе се смилуваат и пуштат 31-годишниот новинар, откако не го добијат очекуваниот публицитет.

Тоа, меѓутоа не се случило, повеќе од 8000 луше потпишале петиција и ја упатиле на Белата куќа како би превземала мерки за неговото ослободнување. Белата куќа засега, не ја потврдила автентичноста на снимката која ја објавиле џихдистите.

Наскоро поопширно ...

Слично

Поврзани вести