Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исламисти во Кашмир убија повеќе од 17 војници

Исламисти во Кашмир убија повеќе од 17 војници

При напад на вооружени исламистички милитанти, повеќе од 17 индиски војници се убиени во провинцијата Кашмир. 

Нападот се случи во базата Ури, близу до линијата која ги разделува индиските и пакистанските трупи. Четворица од напаѓачите се убиени.

Нападот е извршен рано наутро во реонот западно од градот Сринагар. Напаѓачите навлегле од пакистанската страна  пукајќи и фрлајќи бомби.

Експлозии во базата имало неколку часови по нападот, предизвикувајќи пожари врз војничките шатори и привремените засолништа за војниците и нивната опрем во базата.

Нападот врз базата Ури доаѓа по насилничките демонстрации на цивилното население во индискиот дел на Кашмир, протестирајќи против индиката контрола на дел од оваа територија под Хималаите. Околу 80 лица досега загинаа во протестите што тараа веќе два месеци.

Шеесет години трае спорот меѓу Индија и Пакистан околу Кашмир и неговата сувереност, за кој, на два пати досега овие две соседни земји водеа и војна.

Кашмир е  муслиманска територија, но двете земји сакаат да ја присвојат провинцијата. 


Слично

Поврзани вести