ИСКРВАРИЛ ОД ПОВРЕДИТЕ ШТО МУ ГИ НАНЕЛ БИК: Фестивал во Шпанија заврши трагично
На фестивалот -
трчање со бикови во источна Шпанија, маж починал од повреди здобиени од
животното, соопштија денеска шпанските власти
Како што пишува Ројтерс, ова е прв смртен случај во земјата откако продолжија ваквите настани, откако во текот на летото беа укинати мерките за ограничувања поради корона вирусот.
55-годишниот маж, чие име не е познато, на фестивалот „Онда“ во Виљареал неколку пати бил нападнат од бикот. Другите учесници на фестивалот наводно се обиделе да го одвлечат животното, но нивните напори не успеале.
Итната помош соопшти дека човекот починал подоцна во болницата во Виљареал, откако искрварил од раната на левата надколеница, а додале дека се здобил и со рани на главата.
Градскиот совет на фестивалот ги откажа останатите настани по овој напад.
Во последниве години се зачести јавната дебата за тоа дали треба да се укинат ваквите фестивали во Шпанија, а по укинувањето на мерките за ограничување против корона вирусот се одржаа само мал број фестивали.
