Економија, финансии, бизнис

Контакт

Искршил банкомат затоа што му дал повеќе пари

Искршил банкомат затоа што му дал повеќе пари

Бизарен инциден одведе еден маж во притвор кој доби и парична казна за изливот на бес што го демонстрирал вадејќи пари. Мајкл Џозеф Олексик од Флорида по грешка од банкоматот добил повеќе пари од сумата која ја внел и бидејќи се брзал за работа незнаејќи што да направи удрил во екранот и го скршил. 

Банката Велс Фарго проценува дека штета изнесува околу 5000 долари и побара да се покрене обвинение против Олексик. Инцидентот брзо бил пријавен во полиција која дошла и го уапсила Олексик. За предизвиканиот инцидент и нанесена штета е осуден на казна од 2000 долари.


Слично

Поврзани вести