Искршени џамии во Бирмингем
Четири џамии во Бирмингем ноќеска се искршени со чекани.
Одделот за борба против тероризмот ги испитува инцидентите, но засега нема никаква идеја за мотивот, пренесува РТ.
Првичниот напад е пријавен во џамија на „Бирчфилд роуд“ во 2:32 часот изутрината и, како што соопшти полицијата, а имало и дополнителни пријави дека еден човек крши прозорци во друга џамија на „Слејд роуд“ околу 3:14 часот.
Полицијата патролирала низ улиците на целиот град за да спречи понатамошно уништување, а патролните полицајци откриле оштетувања и на други џамии на улиците Витон и Астон Бродвеј.
Форензичките тимови ги испитуваат местата на инцидентите, а полицијата собира видеоснимки од CCTV во обид да ги пронајде сторителите.
Слично
