Економија, финансии, бизнис

Контакт

Искоренување на екстремната сиромаштија до 2030 година, реална цел, тешка мисија!

Искоренување на екстремната сиромаштија до 2030 година, реална цел, тешка мисија!
Претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким како нова цел зацрта искоренување на „екстремната сиромаштија“ на планетата до 2030 година, но оцени дека остварувањето на таа цел бара „исклучителни напори“. „Свет без сиромаштија и економска изолација е на дофат на рацете. Достигнувањето на оваа цел бара исклучителни напори. Но кој сеуште може да се сомнева дека оваа цел е вредна за таков напор“, рече Ким во говорот во Вашингтон. Шефот на Светска банка сака процентот на луѓе кои живеат со помалку од 1,25 долари на ден се намали за 21 отсто, колку што изнесуваше во 2010 година и на три отсто до 2030 година.
„Кога ќе биде под границата од три отсто потполно ќе се промени природата на предизвици како што претствува сиромаштијата. Битката против масовната сиромаштија која земјите со векови ја водат ќе биде добиена ", истакна Ким.
Меѓународната заедница во 2000 година веќе ги дефинираше осумте милениумски цели кои треба да се оистигнат до 2015 година. Еден од нив, а тоа е сиромаштијата да се преполови веќе е достигнат до 2010 година, пет години пред рокот“, додаде Ким.
„Знаеме дека искоренувањето на сиромаштијата нема да биде лесно. Оваа задача ќе биде се потешка бидејќи ќе биде се потешко да се стигне до сиромашните“, потенцираше Ким.
За победа во битката проти сиромаштијата неопходно е да се забрза еконосмкиот раст, особено во Јужна Азија и подсахарска Африка, потенцираше Ким и предупреди на евентуалните шокови кои би можеле да предизвикат дополнителни проблеми како што се природни катастрофи, нова финасиска криза или криза која може да предизвика недостаток на храна.
Слично

Поврзани вести