Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСКОПАЛЕ ЈАМА И ТАМУ ГИ СМЕСТИЛЕ ДЕСЕТИЦИТЕ УБИЕНИ ЦИВИЛИ: Хамас бара меѓународна истрага за делувањето на Израел

ИСКОПАЛЕ ЈАМА И ТАМУ ГИ СМЕСТИЛЕ ДЕСЕТИЦИТЕ УБИЕНИ ЦИВИЛИ:  Хамас бара меѓународна истрага за делувањето на Израел

Палестинската терористичка група Хамас бара меѓународна истрага за погубување цивили, кое наводно го извршила израелската армија. 

Владата на Хамас тврди дека собрала сведоштва според кои „израелската окупаторска армија извршила погубување по кратка постапка на 137 палестински цивили во градот Газа и во северните делови на Појасот Газа“. Хамас ја обвини израелската армија дека „ископала голема јама источно од градот Газа и таму сместила десетици граѓани кои ги привела пред да ги погуби со огнено оружје“. Тие не кажаа кога ова се случило. Израел засега не даде одговор на обвинувањата. Хамас на 7 октомври го нападна Израел, а изарелската армија спроведува операција во Газа за уништување на милитантната група. 

Слично

Поврзани вести