Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСКОПАА ТУНЕЛ И ИЗБЕГАА ОД ЗАТВОР: По филмското бегство, полицијата организираше потера

ИСКОПАА ТУНЕЛ И ИЗБЕГАА ОД ЗАТВОР: По филмското бегство, полицијата организираше потера

Палестинци ископаа тунел и избегаа од затвор. Избеганите затвореници се на возраст меѓу 26 и 49 години. 

Еден од нив е 46-годишниот Закарија Зубеиди, која беше во затвор од 2019 година и беше лидер на бригадата Ал Акса поврзана со организацијата Фатах за време на второто палестинско востание пред повеќе од 20 години. Четворица затвореници беа осудени на доживотна казна затвор. 

Израелската полиција организираше голема потера во северен Израел и окупираниот Западен Брег,  пренесе Би-Би-Си. Затворениците избегале со помош на луѓе од надвор, преку тунел ископан до затворот Гилбоа, кој важеше за еден од најбезбедните. Израелскиот премиер Нафтали Бенет го нарече бегството „сериозен инцидент“.  Се претпоставува дека затворениците се упатиле кон Џенин, на окупираниот Западен Брег, каде меѓународно признатите палестински власти имаат барем одредена контрола. 

Слично

Поврзани вести