Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исклучен Жан-Мари Ле Пен од Националниот фронт

Исклучен Жан-Мари Ле Пен од Националниот фронт

Жан-Мари Ле Пен, ко-основачот на екстремно десничарската француска партија "Национален фронт" (НП), беше лишен од членството во партијата, на која сеуште е почесен претседател.

Отстранувањето беше беше изгласано од Извршната канцеларија на движењето како казнена мерка по предизвиканата полемика на изјави на Жан-Мари Ле Пен за имиграција и холокаустот.

До три месеци Националниот фронт ќе свика вонреден конгрес, на кој делегатите ќе одлучат дали да го лишат Жан-Мари Ле Пен и од титулата на почесен претседател.

Самиот тој коментираше дека е исклучен како резултат на предавство на неговата ќерка Марин, која сега е водачка на НП, пренесе Франс прес.

"Тоа е предавство. Сакам Марин Ле Пен да ми го врати името ", изјави за АФП 86-годишниот поранешен лидер на десничарската партија.

Тој рече дека е подготвен да ги искористи сите средства за да се спротивстави на решението, што според него ќе вознемири членовите на НП.

Слично

Поврзани вести