ИСИС ВО ПАНИКА: Мистериозен снајперист им ги убива главните команданти
Шефовите на либискиот разгранок на ИСИС се плашат да не станат наредната цел на одметнатиот снајперист што веќе од голема далечина застрела три високи фигури во хиерархијата на терористичката група, сите тројца во новиот либиски „миникалифат“ во градот Сирт.
Убиствата почнаа на 13 јануари, а последното се случи 10 дена по првото.Терористите сè уште не знаат дали снајперистот е едно или повеќе лица.
Терористичката група спроведува апсења и егзекуции во градот, а врши и јавни камшикувања за да го држи населението во постојана состојба на страв.
Неколку работи ја загрижуваат Исламска држава во однос на мистериозниот убиец. Една од нив е дека јавните камшикувања и егзекуции не можат да спречат напад од голема далечина, како што се снајперите.
Второ, ова би можело да го охрабри локалното население, што е спротивно на ефектот што терористите се обидуваат да го постигнат. Приказните за мистериозниот стрелец наидоа на желна публика кај градското население, од кое малкумина ги поддржуваат новите сурови владетели.

