Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСИС удри на нуклеарка во Белгија, го убиле чуварот и му ја украле картицата

ИСИС удри на нуклеарка во Белгија, го убиле чуварот и му ја украле картицата

 Информациите дека Исламската држава планира напади врз нуклеарна централа во Белгија, кои излегоа веднаш по терористичките напади во Брисел се покажаа како точни предвидувања.

Чуварот на белгиската нуклеарна централа Тианж денеска беше застрелан, а неговата идентификација била украдена.

 Белгиските медиуми, неколкупати информираа дека терористичката ќелија на која и припаѓаат браќата Ибрахим и Калид Ел Бакрави имала план да ги нападне белгиските нуклеарни централи.

Но, апсењето на Салах Абдеслам пред една недела го изместило предвидениот план па така тие морале да побрзаат во реализација на нападите поради тоа што секој момент ризикувале да бидат фатени и одбрале цели за нападите кои се полесни за реализација како метрото и аеродромот.

Според информациите на дневникот ДХ, пред домот на директорот на програмата за истражување и нуклеарен развој била скриена камера. Двајцата браќа Ел Бакрави дошле да ја земат камерата. Тоа се случувало на само неколку дена по париските напади што става на знаење дека истите терористи ги планирале и извеле нападите во Брисел и Париз а снимката е откриена во декември 2015 година кај еден од осомничените за парискиот напад Мухамед Бакали.

Слично

Поврзани вести