ИСИС стои зад масакрот во Анкара?
Исламската држава е главен осомничен за бомбашките напади во Анкара, Турција во кои загинаа над 97 лица.
Ова го изјави премиерот Ахмет Давутоглу и додаде дека турските експерти се блиску до идентификацијата на еден од бомбашите самоубијци.
„ Засега се прават ДНК тестови кои треба да утврдат од каде дошле напаѓачите. Засега сите податоци укажуваат на „одредена група" - рече Давутоглу
Досега никој не презеде одговорност за масакрот, но нападот има сличности со самоубиствениот бомбашки напад во јули, во кој загинаа 33 Турци и курдски мировни активисти во близина на градот Суруч, на границата со Сирија.
Владата за овие напади ја обвини Исламската држава.
Но, противниците на претседателот Тајип Ердоган ја обвинија владата за нападот и нејзините како што велат, разузнавачки неуспеси и во најлош случај соучество и подбуцнување на националистичка , антикурдска политика.
Селахатин Демирташ на група ужалени завчера им рече: "Државата што добива информации за секоја птица што прелетува и за секое движење на нејзиното крило, не можеше да го спречи масакарот во срцето на Анкара".
По нападот, стотици луѓе извикуваа антивладини слогани додека маршираа кон џамија во Истанбул за погребот на неколку од жртвите.
