ИСИС стои и зад масакрот во САД?
Исламската држава ја презеде одговорноста за масакрот во Калифорнија во кој загинаа 14 луѓе, пренесе денеска новинска агенција Амкак – блиска на ИСИС.
ФБИ моментално го истражува нападот, што се случи во средата на голф терен во градот и изјави дека станува збор за „терористички акт”.
Напаѓачите биле брачен пар кој загинаа во пресметка со полицијата неколку часа по нападот во центарот за социјална работа во Сан Бернардино.
Претходно Си Ен Ен објави и дека истражните органи веруваат дека 27 годишната Ташфин Малик и нејзиниот сопруг Саед Ризван Фарук, на Фејсбук заколнале на лојалност на лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал- Багдади.
Слично
