Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСИС стои и зад атентатот на гувернерот на Јемен

ИСИС стои и зад атентатот на гувернерот на Јемен

За терористичкиот напад со бомба, во кој загина гувернерот на Аден, покраина на Јемен и шест негови телохранители, одговорност презеде Исламската држава.

Во Твитер соопштение- терористичката група тврди дека со бомба во автомобил го убила гувернерот и неговите телохранители, а се заканува и со нови напади на Јемен.

Ова е втор најсмртоносен напад што го изведе Исламската држава во Аден, откако во октомври ја презеде одговорноста на нападот врз привременото седиште на јеменската влада и врз воени објекти.

Квартот Тавахо пак, стана седиште на џихадистите поврзани со локалната група на Ал Каеда, која ги искористи борбите во Јемен за своето влијание да го прошири и на југот од земјата.

Слично

Поврзани вести