ИСИС: Рускиот авион го урнавме со бомба во сок од ананас
Исламската држава во најновото издание на своето пропагандно списание раскажува како го урнала рускиот авион.
Терористите тврдат дека авионот го урнале со импровизирана експлозија која ја сокриле во конзерва сок од ананас, пишува списанието „Дабик”
Во написот се вели дека нивните милитанти откриле начин како да ја загрозат безбедноста на аеродромот во Шарм ел Шеик, со цел да го урнат авионот Метроџет на 31 октомври.
Со наслов „Само терор", на насловната страница на списанието е прикажана слика на една од жртвите од париските напади, на која и помагаат службите за итна помош.
Инаку, во рускиот авион што се сруши над Египед загинаа 224 луѓе.
Слично
