ИСИС ПРОНАЈДЕ ШТИТ: Еве кој ги брани џихадистите од нападите на Анонимуси!
Хакерската организација Анонимуси ја обвинува фирмата Калуд Флер од „Силиконската долина“ дека го штити веб сајтот на екстремистичката организација „Исламска држава“ од сајбер напади, пишува „Дејли маил“.
Тие тврдат дека фирмата им помага на „ИД“ да ја унапредат брезбедноста и да се одбранат од сајбер напади и отежнувањето на отварање на сајтот.
Тоа значи дека, ако Анаонимуси би пробале да го симнат нивниот веб сајт, тие би ги попречиле со помош на технологијата која им ја обезбедила фирмата Клауд Флер.
Според објавениот извештај, Клауд Флер е обвинета дека штити повеќе од 40 вебсајтови на кои се наоѓаат терористички ликови, вклучувајки и 37 сајтови кои се пропагандни.
Анонимуси поставиле пост на Твитер: „Уште еднаш е откриено дека Клауд Флер им дава услуги на происламистичките веб сајтови. Срамота“.
Основачот на Клауд Флер, Метју Принс изјавил дека тие тврдења на Анонимуси се „анализи од фотеља“ и истакнал дека тие не би имале никаква корист од давање на помош на терористичките групи.
Тој наведол дека „верува во зборовите и анализите од фотеља на децата кои не треба да се земаат за сериозно“, пренесуваат агенциите.

