ИСИС ПОВТОРНО НАПАДНА: Во напад од бомбаш-самоубиец во Ирак загинале најмалку 15 лица!
Најмалку 15 лица загинале, а 22 се повредени во нападите од петорица бобаши самоубици во ирачката воена база северно од престолнината на Багдат, пренесуваат агенциите.
Двајца од бомбашите самоубици детонирале бомби поставени во автомобилите кои биле паркирани пред капијата на кампот Спичер, поранешна американска база во сунитското предградие Тикрита, изјавил неименуван полициски извор.
Тројца бомбаши-самоубици детонирале експлозив веднаш чим влегле во базата, додава изворот.
Екстремистичката организација „Исламска држава“ ја превзеде одговорноста за нападот во соопштение кое било испратено онлајн.
Слично
