Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСИС по стапките на Хитлер ќе го освојува светот

ИСИС по стапките на Хитлер ќе го освојува светот

Историјата, се вели дека секогаш ја пишуваат победниците. На тој начин ние имаме информации што се случувало кога ние не сме биле тука, како живееле нашите предци, за што се бореле и со кого војувале.

Но, каква би била историјата ако е испишана од губитниците? Би изгледала како историјата што во моментов ја пишува Исламската држава.

screen shot 2015-10-21 at 7.19.24 am

Низ историјата муслиманите имале голема улога. Освојуваат земји, доминираат во природните науки и ги чуваат едни од најдревните тајни, дури од периодот на стара Грција и стар Рим.

Но, сепак, победата не е во центарот на историјата на ИСИС. Тие во моментов раскажуваат колку ја изгубиле моќта. Членовите на ИСИС се водени од сиот насобран гнев,параноја и ксенофобија, желба за одмазда и за уништување на послабиот. Оваа терористичка група го има вперено прстот точно кон непријателот и точно се знае кој е тој.

7106028925_e7b7bf2711_b

Ако погледнеме назад низ историјата, ќе забележеме дека ИСИС води слична политика како германскиот диктатор Адолф Хитлер.

Тие се слични по неговото потпирање и не ретко измислување на историја за ариевската класа, со цел да води цело општество во погрешен правец.

Исламската држава во моментов води интензивна пропаганда на социјалните мрежи, прикажувајќи го „розово” своето секојдневие. На тој начин, џихадистите заведуваат нови приврзаници, покажувајќи им изветоперена слика како луѓето под контрола на ИСИС живеат среќно.

16small

Слично кај Хитлер и ИСИС е нивната идеја и пропаганда за утописко модерно општество, кое всушност е заробено во вечна борба против голем број непријатели.

И во двата случаи утописката визија инспирира, а непријателите помагаат народот да се сплоти.

Слично

Поврзани вести