Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСИС ОБЈАВИ КАДЕ ЌЕ НАПАДНЕ: Ова е следната мета, ќе се повтори „париското сценарио“

ИСИС ОБЈАВИ КАДЕ ЌЕ НАПАДНЕ: Ова е следната мета, ќе се повтори „париското сценарио“

Американската „CNN“ денеска пренесе информација која предизвика паника во Велика Британија. Тие пренеле информации од службата за безбедност дека „Исламска држава“ има следна мета и дека тоа е оваа островска држава.

Пол Крукшенк, аналитичар на „CNN“, изјавил дека добил доверливи информации од „високи функционер на европска безбедносна агенција“ дека Велика Британија можеби е следната мета на џихадистите и тоа во следните неколку недели.

Џихадистите кои се родени во Велика Британија се повикани, наводно, да се вратат од Сирија и на улиците во Европа да го повторат „париското сценарио“. Ова е посебно опасно, воглавно поради тоа што Велика Британија синоќа почна со воздушни напади над позициите на „Исламска држава“.

Се претпоставува дека околу 800 луѓе од Британија заминале во џихад, а според податоците со кои располагаат, од нив 400 луѓе се повторно во Британија.

„Постои голема загриженост во Европа дека во следните неколку недели во Велика Британија би можело да се случи напад сличен на оној во Париз“ нагласува Крукшенк и потсетил на случајот со Мухамед Емвази кој пораснал во Британија, познат како Џихадот Џон, и заминал да војува за терористите.

 
Слично

Поврзани вести