ИСИС МЕНУВА СТРАТЕГИЈА: Oва е следната цел на џихадистите
Поради големите удари и загуби што ги претрпи Исламската Држава од воздушните напади на меѓународната коалиција во Сирија, терористичката организација менува стратегија.
Џихадистите се обидуваат да постигнат успеси барем во странство, оцени координаторот на ЕУ за борба со тероризмот, Жил де Керкоф.
„ Освен терористичките напади од 13 ноември во Париз, групата во последните неколку недели изведе напади и во Турција, Либан и на египетскиот Синајски Полуостров, што е знак за промена во нејзината стратегија”- изјави Де Керкоф.
Тој смета дека притисокот на коалициските воздушни напади во Рака и во околината можно е да ја принудил ИСИС да бара успеси во странство. Тој додаде дека тоа е знак на знак на слабост на терористичката група.
