ИСИС ја откри „Ахиловата пета” на Западот
Американскиот милијардер Џорџ Сорос изјави дека ќе биде многу тешко да се најде решение за ситуацијата во Сирија и во борбата против Исламската држава.
Тој додаде дека ИСИС веќе ја нашла најголемата слабост на Западот – стравот од смртта.
"Тие се хранат дека стравот и така се обидуваат да направат да се откажеме од меѓусебната политичка толерантност и отвореност ", рече Сорос во интервју за германскиот " Virtšaftsvohe".
Сорос говореше и за конфликтот меѓу Турција и Русија, а и сомнежот за вмешаноста на САД во соборувањето на рускиот авион. Тој вели дека американскиот претседател Барак Обама по секоја цена сака да избегне конфликт со Русија, но дека морал одлучно да и се спротиставни во нејзиното мешање во Сирија.
„Може да се каже дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му направи услуга на Обама, со тоа што го урна рускиот воен авион.” – вели Сорос и додава дека на овој начин Путин сфатил оти не може да си „игра со оган”, и затоа сега бара политичко решение за војната во Сирија.
