Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСИС го обезглави хрватот Салопек

ИСИС го обезглави хрватот Салопек

Хрватот Томислав Салопек, кого го киднапираа екстремистите од Исламската држава  е погубен, пренесуваат сите светски медиуми.

Медиумите информираа и дека Исламската држава на својот твитер-профил ставила фотографија на обезглавено тело за кое тврдат дека е на Салопек.

Џихадистите бараа зз животот на Салопек да бидат ослободени муслиманските жени киднапирани од египетските власти.

Неговото погубување, не е се уште потврдено од министерството за надворешни работи на Хрватска, но ако го потврдат тоа би било деветта јавна егзекуција со обезглавување на некој заробеник од страна на џихадистите.

Томислав Салопек, работеше за француската компанија беше киднапиран во Каиро на 22 јули, во близина на неговото работно место. Минатата недела египетските власти покренаа голема офанзива во надеж дека ќе го пронајдат и ќе го спасат.

Слично

Поврзани вести