ИСИС ги објави „заспаните“ клетки во светот, каде е Македонија?
Новинската агенција Амак објавува мапа на земјите каде што има „заспани клетки“ на терористичката група „Исламска држава“.
Според извештајот, обезбеден од терористичката група неколку часови по нападот на меѓународниот аеродром „Ататурк" во Истанбул и објавен денеска во турските медиуми, најзагрозена земја е Турција. Следуваат Саудиска Арабија, Алжир, Франција, Тунис и Либан - држави во кои ИСИС веќе има реализирано најмногу крвави напади во последниве години. Како најсилно контролирани од џихадистите се наведени Сирија и Ирак, а во Авганистан, Јемен, Сомалија, Нигерија, Нигер, Египет, Либија, Чеченија, Дагестан, Филипини тие вршат контрола на средно ниво.
Британскиот весник „Мирор", исто така објави мапа на земјите цели на исламските терористи. Рангирањето на земјите со највисок степен на опасност од напади изгледа вака: Турција, Русија, Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија, Мароко, Алжир и Тунис. Во категоријата за особен ризик спаѓаат Италија, Исланд, Шведска, Србија и Грција. Чешка, Полска, Швајцарија и Словачка не претставуваат интерес за ИСИС. Но, за Бугарија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија, Унгарија, Романија, Молдавија, Украина и Белорусија опасноста од терористички напади е означен како умерена.
