ИСИС даде уште 48 часа рок за спас на Хрватот Салопек
Припадниците на ИСИС го одложија погубувањето на Хрватот Томислав Салопек и дадоа нов рок од 48 часа за негово ослободување.
За неговиот живот, екстремистите бараат да египетските власти да ги ослободат заробените муслимански затворенички.
Тие се согласиле да го продолжат рокот од егзекутација на Салопек, затоа што Владата во Каиро одлучила да ги разгледа нивните барања.
Според египетските медиуми, Салопек е во пустина кај границата со Либија, а по него трагаат четири египетски безбедносни служби.
Слично
