ИСИЛ ПОДГОТВУВА СООПШТЕНИЕ: Се стравува дека јапонските заложници веќе се убиени!
Исламската држава ги убила двајцата јапонски заложници набрзо после истекот на ултиматумот, јавуваат корисници на Твитер повикувајќи се на постови на таа терористичка организација. Офицјална потврда уште нема.
Рокот кој терористичка организација ИСИЛ го даде за исплата на откуп за двајцата јапонски заложници истече утрово во 6.50 по средноевропско време, т.е. во 14.50 по токиско време.
Терористите на ИСИЛ во видео порака објавена во вторникот соопштија дека ќе го убијат новинарот Кенџија Гото и сопственикот на безбедносната агенција Харун Јукаву ако до тогаш не добијат 200 милиони долари. Се верува дека Гото е киднапиран во октомври а Јукаву во август минатата година.
Утрово мајката на новинарот Гото упатила молба до јапонските власти да му помогнат на нејзиниот син. Владата претходно наведе дека не успеала да стапи во контакт со таа екстремистичка група ниту да добие потврда дека заложниците се добро.
Политичките дописници во Токио се сомневат дека Јапонија е во тајни преговори или се обидува да ги организира и покрај тоа што јавно го кажува.


