ИСФРЛИ РАКЕТА ПА УДРИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Ким Џонг Ун ги блокираше Фејсбук, Твитер и Јутјуб
Северна Кореја објави дека „ на одредено време“ го блокирала Фејсбук, Јутјуб, Твитер, јужнокорејксите сајтови, Гласот на Америка.
Владата во Пјонгјанг наведе дека се блокирани и „сајтовите за возрасни како и за коцкање“.
Агенциите наведуваат дека Фејсбук и Твитер неофицијално веќе со месеци се блокирани и дека на тие социјални мрежи не може да им пристапипреку пребарувачите од Пјонгјанг.
Секој кој ќе се обиде да ги хакира блокираните сајтови или се обиде да дистрибуира „податоци кои се против републиката“, ќе биде казнет според Законот на Северна Кореја, се наведува во одлуката на владата.
Не е прецизирано каква казна е во прашање
Се проценува дека повеќе од два милиони граѓани на Северна Кореја користи мобилни телефони, а простапот до Интернет, со мали исклучоци е ограничен на претставници, техничари и други кои имаат посебна дозвола за го користат, обично и со надзор.
