Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исчезнал пред 5 години, го нашле на друг континент

Исчезнал пред 5 години, го нашле на друг континент

Антон Пилипа во 2012 година исчезнал од предградие на Торонто, а  пред само неколку дена го нашле на друг континент. 

Тој на 39 години бил во тешка психичка и физичка состојба, кога полицијата го пронашла во Бразил. 

Кај себе немал никакви документи, но успеал на англиски да каже дека е од Канада. 

Неговиот брат Стефан смета дека одел пеш, а потоа авто стоп отишол дури во Јужна Америка. 

„Знам дека сум среќен што сум жив и што најдов некој што ќе ме сослуша“ - рекол Антон за Би Би Си Бразил. 

Неговото семејство е среќно затоа што е пронајден, бидејќи тој претходно се лекувал од шизофренија. 

На прашањето како преживеал со години без пари, вели дека не се чувствувал осамено, лесно е да се преживее, но на човек му се потребни многу работи. 

Слично

Поврзани вести