Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исчезнал од радарот за контрола на летање: Авион со 29 лица го снемало над Русија

Исчезнал од радарот за контрола на летање: Авион со 29 лица го снемало над Русија

Контролата на летот изгубила контакт со авионот Антонов Ан-26 за време на летот над Камчатка во источна Русија. За време на исчезнувањето во авионот имало 29 лица.

Авионот Антонов Ан-26 во источна Русија исчезнал од радарот за контрола на летање, пренесува РТ. Контактот со авионот, во кој има 29 лица, исчезнал над Камчатка.

Министерството за кризни состојби објави дека се испитуваат деталите за исчезнувањето. Се верува дека во авионот имало 23 лица и шест члена на екипажот.

Руските власти испитуваат дали исчезнувањето на авионот е резултат на кршење на безбедносните правила, пишува РТ. Два хеликоптери и авион се вклучени во потрагата во близина на Палана.


Слично

Поврзани вести