Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСЧЕЗНА ТЕЛО НА АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ, А МАЈКА МУ ОТПАТУВА ВО БРУТАЛНАТА КОЛОНИЈА ДА ГО ЗЕМЕ: Не е во затворската мртовечница

ИСЧЕЗНА ТЕЛО НА АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ, А МАЈКА МУ ОТПАТУВА ВО БРУТАЛНАТА КОЛОНИЈА ДА ГО ЗЕМЕ: Не е во затворската мртовечница

Телото на Алексеј Навални исчезна од мртовечницата каде што официјално се чуваше, соопшти неговиот тим. Неговата мајка утрово пристигнала во бруталната казнена колонија ИК-3 „Поларен волк“, јавуваат странските медиуми.

Адвокатот на Навални, кој денеска пристигна во градот Салехард со мајката на рускиот опозициски лидер, се јавил на бројот на мртовечницата и му било кажано дека „телото на Алексеј не е во мртовечница“, пишува Дејли мејл.

Портпаролот на Алексеј Навални утрово потврди дека лидерот на руската опозиција починал и рече дека неговото тело е кај истражителите. Кира Јармиш побара телото веднаш да му биде предадено на семејството.

Во документот даден на неговата мајка се наведува дека Навални починал вчера во 14:17 часот по локално време.

Мајката на Алексеј Навални, Људмила Навални, денеска е видена како патува во колонијата во северна Русија, каде што се верува дека починал нејзиниот син.

Шокантната смрт на најостриот критичар на Путин предизвика бран бдеење и протести низ цела Русија, што ја натера полицијата да спроведува бројни апсења, пишува Дејли мејл.


Слично

Поврзани вести