Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исчезна авион на „EgyptAir” со 66 патници

Исчезна авион на „EgyptAir” со 66 патници

Со 56 патници и 10 членови на екипажот авион на Иџипт ер исчезнал од радарите, потврдија египетските власти.

Летот МС 804 што полетал од парискиот аеродром Шарл де Гол во 11 часот синоќа на редовна линија за Каиро,  изгубил контакт со радарот десет минути откако влегол во египетскиот воздушен простор, околу 2 часот и 45 минути, по египетско време.

Меѓу патниците имало 15 Французи, 30 Еѓипќани, 1 Британец, 1 Белгиец, 2 Ирачани, 1 од Кувај,  1 од Саудиска Арабија и патници од други земји.

Во потрагата е вклучена и Грција. Премиерот на Франција, Мануел Валс изјави дека "ниту една теорија не може да биде исклучена". На крајот на март имаше проблем со авион на истата компанија .

1

Слично

Поврзани вести