Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ирска:Долгот расте, буџетскиот дефицит се намалува

Ирска:Долгот расте, буџетскиот дефицит се намалува

Лани Ирска го намали буџетскиот дефицит на 7,6 бруто домашен производ (БДП) од 13,4 отсто од 2011 година, покажаа последните податоци на Државиот завод за статистика. Според овие бројки, буџетскиот дефицит се приближува до планираната цел на дефицитот од 7,5 отсто од БДП.

Сепак истовремено ирскиот јавен долг се зголемил на 117,6 отсто од БДП во 2012 од 106,4 отсто од 2011 година. Според договорот, земјите од ЕУ треба да имаат дефицит што не е над три отсто БДП.

Ирска кон крајот на 2010 година од кредиторската тројка доби помош  од 85 милијарди евра, што беше проследен со слични мерки за штедење како во Грција.

Слично

Поврзани вести