Ирска со позитивна оценка од кредиторите
Ирска успешно помина со последната проценка за напредокот во спроведувањето на реформите и на тој начин ги исполни условите договорени во замена за добивање на меѓународниот пакет помош, пренесува агенцијата Франс прес.
Ирската економија, која беше тешко погодена со „пукањето“ на секторот за недвижности во 2008 година, беше принудена да побара помош од меѓународните кредитори, согласувајќи се со острите мерки за штедење во замена за добивање на помош.
На крајот од 2010 година, земјата доби помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Слично
