Ирска пресече: Нема договор за „Брегзит“ без механизам за безбедност
Ирскиот премиер Лео Варадкар најави дека повеќето
земји во Европската унија би ја „претпочитале“ Велика Британија да ја напушти
Заедницата на 31 октомври, но Брисел би бил подготвен да размисли за одложување
доколку се даде „валидна причина“.
Проблемот на Брегзит доминира во британската
политика долго време, Варадкар се согласи со неговиот британски колега Борис
Џонсон, а проблемот мора да се реши еднаш засекогаш. Од друга страна, ирскиот
премиер истакна дека неговата влада ќе се спротивстави на тоа доколку Велика
Британија наметне директно владеење во Северна Ирска.
Покрај тоа, каков било договор за Брекгзит без
заштитна мерка нема да има поддршка од владата на Даблин, додаде ирскиот
премиер.
Слично
