Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ирска, Луксембург, Велика Британија ги привлекуваат највисоко-образованите имигранти

Ирска, Луксембург, Велика Британија ги привлекуваат највисоко-образованите имигранти

Ирска, Луксембург и Велика Британија се земјите од Европската унија (ЕУ), кои привлекуваат најголем удел образовани странци родени надвор од ЕУ, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.

На другата страна се Словенија, Грција и Италија, каде што процентот на странците со високо образование е исклучително низок.

obrazovani imigranti

Статистиката покажува дека 64% од странците на возраст 25-54 години, родени надвор од ЕУ, во Ирска се со високо образование. За Луксембург овој дел достигнува 53,2%, а за Велика Британија -53,1%. Во Словенија, Грција и Италија овој дел достигна соодветно 10%, 11,9% и 12,1%.

Естонија, Бугарија и Шведска исто така привлекуваат повеќе образовани странци. Уделот на високообразованите имигранти родени надвор од ЕУ, во трите земји надминува 40 отсто, пишува Еуростат. Во Бугарија, како и во Полска, Луксембург, Малта и Велика Британија, уделот на високообразованите имигранти е повисок во споредба со високообразованите граѓани на земјите.

Во Италија, Грција, Шпанија и Белгија се евидентирани највисоки удели на странци надвор од ЕУ со ниско образование - предучилишно, основно или средно образование, односно 50,6%, 49,8%, 45,3% и 44,3%. Најнизок е уделот на слабообразованите имигранти надвор од ЕУ во Естонија (4,3%), Латвија (5%), Ирска (7,4%) и Чешка (13,4%).

Генерално за ЕУ ​​уделот на високообразованите странци родени надвор од заедницата е помал во споредба со слабообразованите, покажуваат податоците на Евростат. Над 35 отсто од нив се со пониско од средно образование, што е за 16 процентни поени повеќе во однос на делот на слабообразованите граѓани на ЕУ и со 13,2 процентни поени повеќе во споредба со делот на слабообразованите родени во ЕУ, но со странско потекло.

obrazovani imigranti1

Најмногу остри разлики во образовното ниво на странците кои доаѓаат од држави надвор од ЕУ и локалните граѓани се забележани во Грција, Шведска, Франција и Финска, покажуваат податоците.

Што се однесува до помладите имигранти од држави надвор од ЕУ (на возраст 30-34 години), во Полска, Луксембург, Малта, Унгарија и Естонија уделот на високобразованите го надминува процентот на високобразованите локални граѓани. На другата страна се Грција, Италија, Словенија и Хрватска.

obrazovani imigranti2

Истовремено, сепак децата на имигрантите надвор од ЕУ се најзагрозените од рано отпаѓање од училиште. Во 2014 година процентот на предвремено напуштање на образовниот систем деца на имигранти надвор од ЕУ бил над два пати повисок во однос на овој за локалните - 21% во однос на 10%.

Сличен е и трендот кај младите кои ниту учат, ниту работат, ниту учествуваат во курсеви и обука . Додека младите родени во ЕУ, кои не прават ништо, достигнуваат 15 отсто од сите, уделот меѓу имигрантите достигнува 27 отсто. Највисок е овој удел во Грција, Италија и Словенија, како достигнува дури над 40 отсто во кај јужниот сосед, додека во Луксембург, Данска и Шведска тој е дури под или околу 10 проценти.

Единствено Ирска и Кипар предвидуваат дека локалните млади кои не прават ништо, се повеќе во споредба со имигрантите.

Извор: Евростат

Слично

Поврзани вести