Ирска ќе бара превентивен кредит од 10 милијарди евра
Ирска ќе бара превентивна кредитна линија од 10 милијарди евра по истекот на програмата за помош од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд кон крајот на оваа година, пишуваат ирските медиуми, пренесувајќи ја изјавата на тамошниот министер за финансии.
Министерот Михаел Ноонан верува дека е можно да се постигне компромис кој на владата во Даблин не ма да и наметнува нови услови. Реутерс минатиот месец, информираше дека Ирска ќе бара превентивен кредит за полесно да го надмине окончувањето на пакетот помош, со тоа што евентуалните услови би биле сосредоточени исклучиво на тамошните проблеми на притиснатите банки.
Трошоците на задолжување на Ирска континуирано се намалуваат откако во 2001 година го достигнаа врвот, со што се создадоа услови за нејзино излегување од 85 милијарди евра вредната програма за спасувачки заеми кон крајот на оваа година. Тоа би било првпат, некоја земја членка на еврозоната, да излезе од таквата програма.
Слично
