Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ирска го брани ЕПЛ, дефинитивно ќе се жали на одлуката на ЕК

Ирска го брани ЕПЛ, дефинитивно ќе се жали на одлуката на ЕК

Ирската коалициона влада одлучила да поднесе жалба против одлуката на ЕК издадена за произведувачот на ајфони, ЕПЛ да плати повеќе милијарди долари ретроактивен данок.

И независните членови на кабинетот на премиерот Енде Кениј денеса го поддржале таквиот став на Даблин, изјавил владиниот портпарол.

„Предлогот ќе се најде во парламентот во средата заради одобрување на таа одлука“, рекол портпаролот на ирската влада.

Антикорупционото регулаторно тело на ЕУ наложи пред два дена Епл, после двегодишна даночна истрага, на Ирска да и плати 13 милијарди евра заостанат данок, бидејќи е утврдено дека посебна шема за пренасочување на профит преку Ирска претставува незаконска државна помош.

Причината на спроведување на истрага на Европската комисија против ЕПЛ била необична спогодба која компанијата ја постигнала со ирските даночни власти за плаќање на данок по извонредно ниска стапка од 0,0005 отсто во 2014 година.

Тим Кук, извршниот директор на компанијата ЕПЛ, таквата одлука на Европската унија ја оценил како „целосна политичка глупост“, која делумно е мотивирана со предрасудите против САД.

Тој во интервју за весниот „Ајриш Индепендент“ рекол дека заедно со Ирска ќе се борат против одлуката, која според негово мислење, нема основа ниту во законот ниту во фактите“.

Европската комисија вчера ги отфрли критиките на ЕПЛ дека решението на Брисел претставува политичка одлука, укажувајќи дека тој износ е пресметан врз основа на факти и податоци на самиот ЕПЛ.

Слично

Поврзани вести