ИРОНИЈА: Својот прв твит Путин му го упати на…
Популарната мрежа Твитер од вчера може да се види која била вашата прва порака како корисник на микроблог платформата, но и која била првата порака што ја напишале останатите корисници.
Не беше потребно долго за некој да се сети да ја провери првата реченица што ја напишал рускиот претседател Владимир Путин на неговиот официјален Твитер профил на англиски јазик.
Од денешна перспектива е можеби иронично, но таа била упатена токму на американскиот претседател Барак Обама. „Му честитам на избраниот претседател на САД Барак Обама“, напишал Путин на Твитер кон крајот на 2012 година, по втората победа на Обама на претседателските избори во САД.
Слично
