Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ирина Верешчук ја поздрави одлуката на Турција да помогне за евакуација на цивилите од Азовстал

Ирина Верешчук  ја поздрави одлуката на Турција да помогне за евакуација на цивилите од Азовстал

Откако Турција се понуди да ги спаси ранетите борци од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, Украина ја поздрави одлуката. 

Украинскиот вицепремиер Ирина Верешчук  изјави дека владата ќе ја поздрави можноста за турско или кинеско посредување во помагањето да се организира евакуација на ранетите војници од Азовстал во Мариупол.

Верешчук за украинска телевизија рече дека „турската страна навистина може да биде посредник во прашањата за извлекување.

„Ако Си Џинпинг може да влијае, и тоа би било добро. Се надеваме на најдоброто“, рече таа.

Верешчук рече дека ако Турција или Кина не се вклучени, „барем треба да биде потпишан документ од претставници на МКЦК кои, според Женевските конвенции, имаат овластување да го следат процесот и згора на тоа, да бидат лидери во овој процес“.

Верешчук зборуваше додека портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, наведе една опција за евакуација.

„Имавме голем број планови, предлози. Првиот беше војниците од Мариупол до Бердијанск, а од пристаништето Бердијанск до брод во Истанбул, да ги донесат овде во Турција. Таа понуда се уште е на маса“, рече тој. 

Бердијанск е под контрола на Русите и е на околу 50 милји западно од Мариупол.

„Бродот сè уште е во Истанбул. Подготвен е за пловидба, но чекаме конечно одобрение од руската и од украинската страна за да замине во Бердијанск и да ги донесе повредените војници во Турција“, рече Калин, објави Си-Ен-Ен.

Една рунда разговори претходно се одржа во Турција. Оваа зема неколку пати повика на прекин на огнот. Мариупол е скоро целосно уништен по два месеци војна. 

Слично

Поврзани вести