ИРЦИТЕ ЈА ПОДДРЖАА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА АБОРТУСОТ: 62 отсто гласаа „ЗА“ измени на законот
Граѓаните на Ирска ја изгласаа либерализацијата на еден од најострите закони за абортус во светот.
Според резултатите по референдумот , повеќе од две третини од граѓаните гласале за легализација на абортусот.
Гласачите ја поддржале либерализацијата на законот со 68 наспроти 32 отсто гласови.
„Не се официјални резултати, но изгледаат добро“, порача на Твитер ирската министерка за култура Јосефа Мадиган.
Пребројувањето на гласовите почнало во раните утрински часови.
Министерот за правда Чарлс Фланаган овие резултати ги опиша како „уште еден голем чекор надвор од мрачното минато“.
Граѓаните на референдимот биле запрашани дали сакаат да се поништи амандманот на уставот од 1983 година кој на нероденото дете и мајка им пружа еднакво право на живот.
Забраната на абортус во таа земја со дел е укината од 2013 година и тоа само во случаи кога животот на мајката е загрозен.
