Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иранците возат лош бензин, Техеран е најзагадениот град на светот

Иранците возат лош бензин, Техеран е најзагадениот град на светот

Поради загаден воздухот во осуммилионскиот Техеран е починале 4.460 лица во изминатата иранска година (март 2011 - март 2012), изјави советникот на министерот за здравство, Хасан Агаџани.

Поради тоа, втор пат во период од еден месец беа затворени административните згради поради високото ниво на загаденост на воздухот, а направена е и рестрикција на сообраќајот кој е главен причините на загадувањето.

Иранските автомобили користат повеќе гориво од возилата во други земји, а квалитетот на бензинот е лош. Како што посочуваат од иранската Агенција за контрола на воздухот, бензинот произведен во Иран содржи меѓу два и три проценти канцерогени елементи, иако нивото треба да биде под 1%.

Слично

Поврзани вести