Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иранскиот претседател убиството на Хамнеи го нарече „отворена војна против муслиманите“

Иранскиот претседател убиството на Хамнеи го нарече „отворена војна против муслиманите“

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека одмаздата е „легитимно право и должност“ по убиството на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи. Пезешкијан, чија судбина досега беше нејасна, убиството го нарече „отворена војна против муслиманите“.

„Исламската Република Иран смета дека одмаздата над извршителите и нарачателите на овој злочин е своја легитимна должност и право и ќе ја исполни оваа голема одговорност со целата своја сила“, се вели во соопштението.

Пезешкијан ја опиша смртта на врховниот лидер како „најголема несреќа на денешниот исламски свет“.

Неговото лидерство го нарече „големо и божествено водство“ засновано на „волјата, гласот и мислењето на народот“. Истакна дека лидерот „иранската нација ја дарил со чест и достоинство“.

Врховниот лидер остана многу непопуларен кај голем дел од Иранците, како во земјата така и во дијаспората. Народот не можеше да го отстрани преку избори, а за време на неговото 37-годишно владеење повеќепати се организираа масовни протести.

Ајатолахот загина вчера во нападите на САД и Израел врз Иран. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести