Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иранскиот министер за надворешни работи го повика Израел да го запре нападот врз Газа

Иранскиот министер за надворешни работи го повика Израел да го запре нападот врз Газа

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан го повика Израел да го запре нападот врз Газа, предупредувајќи дека војната може да се прошири и на другите делови на Блискиот Исток, особено ако во борбата се приклучи милитантната група Хезболах.

Министерот ова го изјави во Бејрут на крајот на турнејата за време на која ги посети Сирија, Ирак и Либан, каде Иран има големо влијание и каде се распоредени десетици илјади борци на Хезболах поддржани од Иран, пренесува агенцијата АП.

Амирабдолахиан им рече на новинарите дека либанската група Хезболах ги разгледала сите воени сценарија и дека Израел треба да ги прекине нападите врз Газа што е можно поскоро.


Израел го смета Хезболах за најсериозна непосредна закана, проценувајќи дека има околу 150.000 ракети и проектили, вклучително и прецизно наведувани ракети кои можат да погодат која било цел во Израел.

Силите на Хезболах беа во целосна готовност долж границата на Либан со Израел по нападот на палестинската милитантна група Хамас минатата сабота во кој загинаа стотици израелски цивили и војници.

Можноста за отворање нов фронт кон Либан буди сеќавања на повеќемесечната војна меѓу Хезболах и Израел во 2006 година, која заврши со ќор-сокак и тензично примирје меѓу двете страни.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести