Ирански ракети со дострел до 2.000 километри – дел од Балканот во потенцијален домет
Иранската балистичка ракета „Саџил“ (Sajjil) има максимален дострел до 2.000 километри, покажуваат податоци на Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS). Со сличен радиус на дејство располагаат и одредени модели беспилотни летала од типот „Шахед“ (Shahed), објави ТВ Стар.
Со ваков дострел, во потенцијален домет би се нашле делови од Југоисточна Европа, вклучително и главни градови како Софија и Атина, како и британската воена база на Кипар.
Од друга страна, поголемиот дел од западноевропските метрополи остануваат надвор од наведениот радиус.
Покрај „Саџил“, во анализите се споменуваат и ракетните системи „Гадр“ (Ghadr) и „Емад-1“ (Emad-1), со проценет дострел меѓу 1.600 и 1.800 километри.
Аналитичарите оценуваат дека овие капацитети ја демонстрираат регионалната стратешка моќ на Иран, но истовремено укажуваат на ограничувања кога станува збор за потенцијални операции кон подалечни цели во Западна Европа.
