Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ирански лидер: Им ги бакнуваме рацете на оние кои го планирале нападот на Израел

Ирански лидер: Им ги бакнуваме рацете на оние кои го планирале нападот на Израел

Им ги бакнуваме рацете на оние кои го планирале нападот на Израел, изјави иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи. Тој негираше дека неговата земја е вмешана во смртоносните напади кои во саботата ги почна Хамас врз Израел.

Иран ја финансира палестинската исламистичка група Хамас и ги снабдува милитантите со оружје. Во нападот на Хамас во Израел загинале повеќе од 900 луѓе, а над 2.400 се ранети. 

Израел најавува жестока копнена офанзива, а Хамас долга и беспоштедна борба. Еврејската држава распореди 35 батаљони на границата со Газа и ракетираше над 200 цели на Хамас. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести