Ирански хакери ќе ги саботираат американските гасоводи?
Постојат основани сомневања дека ирански хакери добиле пристап до софтвер со кој би можеле да манипулираат со американските нафтоводи и гасоводи. Најавите за сајбер напади од Иран, а против американските компании главно во енергетскиот сектор се зголемуваат во последно време, пишува „Wall Street Journal“.
Додека кинеските хакери се познати по индустриска шпионажа, властите во САД се загрижени од нивните ирански колеги, бидејќи се плашат од актите на саботажа кои би дошле од Техеран, велат од „WSJ“, повикувајќи се на сегашни и поранешни државни службеници во американски сектори. Според нив имало технички докази за учество на Иран во онлајн напади врз енергетските компании. Секогаш досега иранските власти ги негирале обвинувањата.
Но Западот, пак, најверојатно веќе ја користи кибер-саботажата за да ја саботира нуклеарната програма во Иран. Така што пред околу една година Техеран се пофали дека е неутрализирл сајбер против своите нуклеарни објекти. Според иранскиот министер за разузнавање и безбедност Хејдар Мослехи, Иран знаел однапред за овој напад и бил подготвен да се заштити. Според него, Иран секој ден е предмет на сајбер напади.
Слично
