Ирански дронови го нападнаа Бахреин
Кралството Бахреин упати остри осуди до Исламската Република Иран, обвинувајќи ги воените сили на Техеран за директен напад со беспилотни летала врз негова територија. Според официјалното соопштение од Манама, овој чин претставува грубо кршење на државниот суверенитет и целосно уривање на неодамна потпишаниот мировен Меморандум за разбирање.
Судејќи според соопштението на Бахреин, иранските воени сили гаѓале позиции и објекти поврзани со американската војска лоцирани на територијата на ова заливско кралство.
Министерството за надворешни работи на Бахреин соопшти дека „неколку ирански беспилотни летала“ извршиле напади на нивна територија, што беше опишано како „дрско кршење“ на суверенитетот со кое директно се загрозува безбедноста на граѓаните.
Властите во Бахреин порачаа дека го задржуваат целосното право, во согласност со меѓународното право, да ги одбранат својот суверенитет, безбедност и стабилност.
Истовремено, упатен е официјален апел до Советот за безбедност на Обединетите нации со барање итно да се обезбеди спроведување на претходните резолуции, а „агресорот“ да биде повикан на одговорност поради предизвикување на нова воена криза во веќе нестабилниот регион на Персискиот Залив, објави 4news.mk
Оваа жестока дипломатска и воена реакција следуваше само неколку часа откако Вашингтон потврди дека американските сили извеле координирани воздушни удари врз ирански ракетни, радарски и позиции за беспилотни летала во јужниот дел на Иран.
САД ги оправдаа своите претходни напади како неопходен одговор на иранскиот напад со дрон врз контејнерскиот брод „Ever Lovely“, кој плови под сингапурско знаме во стратешки важниот Ормуски Траес.
Иран веднаш возврати со лансирање дронови кон цели поврзани со САД, обвинувајќи го Вашингтон за прекршување на меѓународните договори.
