Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРАНЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Повеќе не е безбеден да се сонча во својот луксузен дом на Флорида

ИРАНЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Повеќе не е безбеден да се сонча во својот луксузен дом на Флорида

Високиот ирански функционер Џавад Лариџани изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп повеќе не е безбеден да се сонча во својот луксузен дом на Флорида. Вели дека можат да го убијат додека лежи на плажата во Мар-а-Лаго.

„Трамп направи нешто што му отежнува да се сонча во Мар-а-Лаго. Додека лежи таму со стомакот свртен кон сонцето, мал дрон може да го погоди во папокот. Многу е едноставно“, рече Лариџани за иранската телевизија.

Изјавите следеа по појавата на „Крвав пакт“, онлајн платформа за собирање средства за она што го нарекува „казна за оние кои му се потсмеваат и му се закануваат на врховниот лидер Али Хамнеи“. Веб-страницата тврди дека досега собрала повеќе од 40 милиони долари, објави Иран Интернешнл, портал од Велика Британија.

„Ветуваме дека ќе доделиме награда на секој што може да ги изведе непријателите на Бога и оние кои му се закануваат на животот на Али Хамнеи пред лицето на правдата“, се вели во соопштението на почетната страница на „Крвав пакт“.

САД претходно изврши напади на цели во Иран, со цел да ги спречат да произведат нуклеарно оружје. 

Слично

Поврзани вести