Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иран тврди дека е спремен за долга војна

Иран тврди дека е спремен за долга војна

Иранското Министерство за одбрана соопшти дека Иран е подготвен за долготрајна војна против САД и Израел и досега не го употребил своето најнапредно вооружување.

„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивна одбрана подолго отколку што непријателот планирал за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството Реза Талаеи-Ник, пренесе државната новинска агенција ИРНА. 

Тој додаде дека Техеран нема намера да го распореди целото напредно оружје и опрема во првите денови од конфликтот.

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда соопшти дека вечерва испукала нов бран проектили кон Израел.

Во саботата САД и Израел го нападнаа Иран. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести