Иран тврди дека најмалку 24 ученички се убиени во ракетен напад во јужниот ирански округ Минаб
Иранските власти соопштија дека најмалку 24 ученички се убиени во ракетен напад во јужниот ирански округ Минаб, откако Израел и САД утрово почнаа воздушни напади врз земјата.
Основно училиште за девојчиња во покраината Хормузган беше погодено, објави и новинската агенција Тасним, повикувајќи се на заменик-гувернерот на покраината.
„Ова училиште беше директна цел на овој напад“, рече Тасним.
Тој кажа дека во тек се спасувачки операции и отстранување на урнатините. Во покраината Хормузган има неколку поморски бази на иранските вооружени сили. Советот за национална безбедност на Иран им советуваше на жителите да го напуштат главниот град Техеран.
„Треба да патувате на други места и градови што е можно помирно ако можете“, соопшти Советот.
Снабдувањето со дневни потреби не е засегнато, се вели во соопштението, но се додава дека луѓето треба да избегнуваат собирање во трговски центри, бидејќи тоа може да биде опасно.
Училиштата и универзитетите ќе останат затворени до понатамошно известување. Банките ќе останат отворени, а владините услуги ќе бидат ограничени.
И во Обединетите Арапски Емирати велат дека има цивилни жртви.
Иран ги нападна американските воени бази на Блискиот Исток.
foto printskrin
